Хронично болните лица да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести

од Берта Китинска
462 прегледи

Утринава, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31.12.2020 година. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.

Слични содржини