Реџепи: Мигрантите ги користат земјите од Балканот како транзитна рута

од Берта Китинска
267 прегледи

Претседателот на невладината организација „Легис“ од Северна Македонија, Јасмин Реџепи, вели дека мигрантите немаат цел да останат на Балканот. Земјите од регионот го користат главно како транзитна рута. Сепак, тие се една од главните теми меѓу популистичките политичари.

Тој во своето интервју за Ал Џазира  објаснува дека во статистиката во која се води не се бележи верска припадност, туку само земји на потекло, пол и возраст на мигрантите кои ги преминуваат границите.

– Под истите обвинувања, актуелната опозиција водеше кампања на локалните избори во Северна Македонија во 2017 година, со една разлика, тврдејќи дека ова е планот на ЕУ за промена на демографијата на земјата и со неа ќе управуваат муслимани кои ќе ја спроведат познатата тиранска платформа. Тоа е оваа урбанизација на балканските држави и наметнување на ксенофобична идеологија во општествата. Во статистиката што ја водиме како држава и како организација, ние не бележиме верска припадност, туку само земји на потекло, пол и возраст. Бидејќи сме присутни на терен повеќе од пет години и од секојдневните контакти, дознаваме дека во секоја од овие земји има етнички и религиозни малцинства, но дека во сите нив факторите на притисок и на влечење се исти, и никој од нив не останува на Балканот, а уште помалку од религиозни причини. Фактот дека нивниот број е поголем во Босна се должи само на лесното преминување на српско-босанската граница и тешкото преминување на босанско-хрватската граница, објаснува Реџепи.

На прашањето дали поставените оградите не можат да ги запрат миграциите и дали е потребно да се трошат милиони евра на нив тој вели дека жицата е лажна слика за безбедност на граѓаните.

– Се градат гранични огради во низините, додека рутите за мигранти водат преку планините. Така, овие огради имаат две цели: 1. Обезбедување лажна слика за безбедност на граѓаните; 2. Поттикнување на криумчарење и трговија со луѓе, каде заработката е далеку поголема од цената на самата ограда. Доказ за горенаведените тврдења е практиката во последните четири години, односно зголемување на бројот на криумчарење, обиди за нередовно преминување на границата, реализирани гранични премини, број на повредени и убиени и сето тоа за 100 проценти повеќе за седум месеци во 2020 година, наспроти целото 2019 година, вели Реџепи.

Слични содржини