Во само Вистина на Канал 5, Сафет Бишевац истакна дека легитимен е протестот на ВМРО-ДПМНЕ за во среда, затоа што и СДСМ се приклучи на Шарената револуција.

-Апсолутно легитимно е протестот на ВМРО-ДПМНЕ за во среда, затоа што СДСМ се приклучи на шарената револуција. Бројката на луѓе не е значајна, ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија може да си обезбедат една сериозна бројка на луѓе на протестите во среда. Тие барања на протестот за поскапување на струјата ВМРО-ДПМНЕ може да ги засили и да изврши притисок кон Владата која ја зголеми цената на струјата веднаш по изборите, крајно кукавички. Со ова поскапување треба да се обезбеди профитот на главниот произведувачот на електрична енергија ЕЛЕМ, рече Бишевац.