Тешка сообраќајка на Партизанска, автомобил превртен на кров

од Берта Китинска
389 прегледи

Утрово во околу 7:30 часот се случи сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди во Скопје.

До сообраќајката дошло откако на возачот на комбето му се уклучил светлосниот сигнал за да сврти лево, а од спротивната насока бил удрен од друг автомобил. Според информациите од очевидците возилото кое удрило во комбето се превртело на кров.

МВР врши увид на местото на несреќата.Повеќе информации наскоро.