Мијалков: Македонија во овие 29 години помина многу премрежја, а со неа и сите ние

од Берта Китинска
161 прегледи

Во овие 29 години Македонија помина многу премрежја, а со неа и сите ние.Од распадот на поранешна Југославија, преку мрачната транзиција, блокадите, бегалските кризи, па се до воениот конфликт, пишува во својата честитка по повод Денот на независноста 8 Септември, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Важно е дека имавме сон за независна држава , членка на ЕУ и НАТО и работевме за да го реализираме.Сега Македонија има дефинирани и меѓународно гарантирани граници. Веќе е членка на НАТО, а на прагот сме од отварањето на преговорите за членство во ЕУ.Во периодов што следи, функционирањето на институциите треба да го достигне посакуваното Европско ниво, а економијата конечно да стане приоритет.Само со искрен пристап, без дневното политиканство, можеме да се надеваме дека ќе одиме напред. Да ни е честит празникот! Да ни е вечна Македонија !“, напиша Мијалков.

Слични содржини