Во интервју за руски медиуми, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека тој не е кукавица и дека нема намера да бега од земјата.
Лукашенко рече дека излегол од хеликоптер со автоматска пушка во рацете на 23 август за време на демонстрациите за да покаже дека не е кукавица.
„Покажав дека сум на самото место и дека не сум кукавица, дека не се плашам“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека не побегнал од земјата, ниту дека има намера да го стори тоа.
– Јас не сум кукавица и не се плашам. Никаде не сум побегнал, ниту имам намера да го сторам тоа. Ниту моите деца нема да одат никаде – додаде белорускиот лидер.
Масовните протести на опозицијата започнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори.
Актуелниот претседател Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите.