„Скапа струја, сиромашен народ“: Мицкоски и учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија

од Берта Китинска
213 прегледи

Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“  попладнево пред Министерство за правда почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон Регулаторната комисија која е и крајна дестинација.

Се очекува пред Регулаторната комисија Мицкоски на се обрати.

На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка“, „мафија и „мафија на робоија“, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.

Иако пртестот е организиран согласно КОВИД протоколите, пропишаната дистанца не се почитува.

Слични содржини