Мицкоски: Народот е заситен и не може веќе да трпи, затоа излегува на улица

од Берта Китинска
113 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест против поскапувањето на струјата, упати три барања до Владата.

„Прво барање – враќање на старата цена на стујатата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач; Второ барање – викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите; Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри.Ова ќе бид еден од серијата протести против мафијата на Илинденска. Ќе нè има насекаде низ цела Македонија, нема назад, нема повлекување. Народот е заситен и не може веќе да трпи, затоа излегува на улица – изјави Мицкоски.

На протестот Мицкоски покажа фотографија од претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, тврдејќи дека тој е гласоговорникот на премиерот Зоран Заев во енергетиката.

Слични содржини