НА ЕВРОПА И СЕ ЗАКАНУВА НОВ МИГРАНТСКИ БРАН: Околу 1,2 милијарди луѓе би можеле да бидат раселени поради климатските промени

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Нов бран мигранти може да ја погоди Европа, но овој пат поради климатските промени. Се проценува дека 1,2 милијарди луѓе ќе бидат раселени во следните 30 години поради климатските промени.

Се помалото количество вода и храна може да предизвика масовна миграција во 31 земја што не е во состојба да се справи со проблемот, соопшти Институтот за економија и мир (ИЕП).

Раселувањето на населението може да биде значително поголемо отколку што беше за време на мигрантската криза во 2015 и 2016 година. Многу е веројатно дека ова ќе се случи ако не се стори нешто во врска со ова прашање, предупреди Стив Килелеа.

Делови од субсахарска Африка, Јужна Азија, Блискиот исток и Северна Африка се соочуваат со големи еколошки проблеми и нестабилност, соопшти ИЕП.

Со „Регистарот на еколошки ризици“, Институтот ги зеде предвид факторите како што се растот на населението, недостиг на вода, недостиг на храна, суши, поплави, циклони, зголемувањето на температурите и нивото на морето, како и способноста на државата да одговори на предизвиците.

Од 40-те земји во светот каде се случуваат конфликти, 20 од нив се под еколошка закана. Меѓу нив се Авганистан, Ирак, Чад, Индија и Пакистан.

Во извештајот се наведува дека некои од овие земји, како што е истакнато, се заробени во еден маѓепсан круг во кој постои конкуренција за оскудни ресурси и во кои конфликтите доведуваат до дополнително трошење на ресурсите. Исто така беше предупредено дека недостатокот на храна и вода ќе биде клучен за продолжување на нестабилноста.

“Во следните 30 години, недостигот на храна и вода ќе биде уште поизразен ако нема глобална соработка. Немирите и конфликтите веројатно само ќе се интензивираат”, смета Килелеа.

Земји со значителен ризик се Пакистан, Етиопија и Иран. Пакистан е истакнат како земја загрозена од недостиг на вода и се соочува со поплави, недостиг на храна и има големо население. Во Централна Америка, Хаити е најпогодена.

Беше истакнато дека дури и помали закани и природни катастрофи може да резултираат во масовно раселување.

Се проценува дека побогатите европски земји и оние во Северна Америка ќе бидат подобро подготвени за климатските промени. Но, проблеми од ваков вид нема да ги заобиколат.

„Европа мора да биде свесна за ова. Видовме што се случи кога пристигнаа два милиони мигранти во 2015 и 2016 година. Имаше политичка нестабилност што резултираше со пораст на нови партии. Ако ништо не се стори во врска со ова, последиците ќе бидат значително повисоки од оние од пред неколку години“, потсети Килелеа.

Климатските промени раселија 24 милиони луѓе минатата година, а конфликтите и другите катастрофи раселија 9,5 милиони луѓе, според Центарот за следење на раселувањето.

Обединетите нации изјавија дека еден процент од човештвото е раселен и повикаа на помош на ова население. Нивната проценка е дека четири од пет раселени лица ќе бараат засолниште во соседната земја.

Слични содржини