На денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ поради поскапувањето на струјата, беа блокирани улиците со скапи автомобили од по 10 илјади евра, од марката „Мерцедес“, на кој стои пораката „Доле лопови“.
Граѓаните веднаш ги осудија вакви постапки на партијата, а некои од коментарите гласат: „Ова е ВМРО-ДПМНЕ, сликата кажува се“, „Ги покрадоа луѓето 11 години, ја поскапеа струјата 100% сега лицемерно ќе протестираат со мерцедесите“.
Воедно и твитерџиите не останаа рамнодушни па решија да се пошегуваат:
А дека брат ми сакаше да ме земе со голф од 2005та да одиме на протестот денес? Кој ќе се брукаше, среќа не се сложив
— НиколаСтрез (@NikolaStrez) September 11, 2020
"народот леб нема" закачено на ауди а8 4.2 кватро….
нема што повеќе да додадам pic.twitter.com/cI8dDSms3n— Г-ѓа Старк (@MarincePink) September 11, 2020
Нема леб ама има Ауди 4200 кубика pic.twitter.com/ppsok7j9CI
— НNкола Спасов (@NikolasTweet) September 11, 2020
Колку треба да си глуп и неписмен од 1 до 10 за да ставиш транспарент „Доле лопови“ на Мерцедес кабрио? pic.twitter.com/CAROw2QOlp
— Seir MK (@Seir_mk) September 11, 2020
Ова ли е тоа немаме за леб а возиме А8? pic.twitter.com/MLyh4Ps3Bv
— Сомнителен ✨ (@somnitelen69) September 11, 2020
Речено – сторено! pic.twitter.com/oVhYpc67Dl
— Astérix (@SendvicSoVegeta) September 11, 2020
Go molime gospodinot Mickoski večno da e pretsedatel na vmro pic.twitter.com/GrWKcgs8Wn
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) September 11, 2020