Тодевски: Нема физичко или правно лице со депозити од седум милиони евра во Еуростандард банка

од Берта Китинска
460 прегледи

Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит или депозити во вредност од седум милиони евра.

-Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра, вели Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка.

Слични содржини