Откако дојдов на позицијата цел сум на многу лажни вести, одговори вицепремиерот Артан Груби во врска со вчерашната вест во која беше објавено дека тој имал физичката пресмтка со поранешниот пратеник Драги Рашковски.
-Ова е цел да се внесе раздор помеѓу ДУИ и СДСМ, сите лажни вести имаат цел да создадат недоверба помеѓу коалиционите партнери , но нема тоа да се случи ние функционираме како една влада, изјави Груби.
Во дел од медиумите вчера беше објавено дека се случила физичка пресметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.
И дека нетрпеливоста меѓу нив двајца постоела од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.