Како прв заменик-премиер, Артан Груби порача дека ќе се залага за општество со целосна рамноправност на сите граѓани.

ДУИ ќе добие 5 државни секретари и 5 заменици министри, за што кажа дека деновиве ќе има конкретни имиња. Ќе има ротации, односно за поголема ефикасност и освежување сега пошти и ПИОМ ќе припаднат на коалициониот партнер.
Според него имињата што се вртат во јавноста не се вистински.
-Позицијата која ја имаше ДУИ во Пошта сега ќе ја замени со позиција во МЕПСО, соопшти Груби.
Воедно тој напомена дека кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери, сега ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти што тој ќе ги ангажира на договор на дело.
-Насер Зибери нема да се вработи во министерството, но ќе биде дел од експертите кои ќе ја осмислуваат работата на овој нов ресор, изјави Груби.