89
Досегашни раководни структури на партијата Интегра преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму најавија дека на пладне лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставници на Интегра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, по што се најавени изјави за медиумите.
Состанокот велат, е во насока на најавеното окрупнување на опозицијата.