Нема да зборуваме за претходните 4 години колку што е на власт Заев и СДСМ, туку ќе зборуваме за месец и половина колку што е новиот мандат на старата криминална влада на Заев, изјави денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој вели дека за само месец и половина се случи, да пропадне Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра, а парите од таму се отидени во џебот на струмички фирми блиски до Заеви.
-Се случи афера со панамски пари за бизнис зделки помеѓу Зоран Заев и бизнисменот Дака Давидовиќ за нови 2.000 станови во Тетово, се случија нови седумнаесет катници за развој на урбаната мафија во скопската населба Ѓорче Петров, се случи поскапата струја чиј профит се одлева во една струмичка компанија за обезбедување, или фактот што партиската маша на Зоран Заев, Марко Бислимоски спротивно на закон е првиот човек на Регулаторната комисија.Во однос на предлозите на Маричиќ за една изборна единица и отворени листи треба и официјално да соопштат дали тоа е нивниот конечен став со оглед на тоа што во минатото повеќе работи беа договорени во таа насока, па потоа се предомислија и го променија мислењето. Таквата тргни – застани политика говори за нивниот пазарџиски менталитет.Воедно сметаме дека отворените листи и една изборна единица преставува солидна основа за разговори за промена на Изборниот законик како и нашиот предлог локалните избори да се оддржат во еден изборен круг со цел да се заштедат пари на граѓаните во период на тешка економска криза и да се заштеди време во кое ќе се спроведе изборниот процес. Исто така, бараме, еднаш засекогаш да се регулира гласањето на дијаспората, вели Арсовски.