335
Гоце Делчев е индетитетот на Македонците, ова прашање ќе може да го блокира влезот на Македонија во ЕУ, вели Александар Пандов во емисијата Само Вистина на Канал 5.
-Доколку јас треба да го решам проблемот со Гоце Делчев би отишол кај нашите европски партнери и би ги замолил да разговараат за да не бидеме блокирани при влезот на ЕУ.Вакви спорови има во многу држави, но ова што го бараат бугарските историчари е сами да си се избришеме .Се плашам од исходот, вели Пандов.
Тој додаде дека утрешниот протест покрај тоа што е наменет за покачената струја ќе биде и мотив за историчарите да го искажат своето мислење.