
Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер најавија дека Германија ќе прифати околу 1.500 мигранти од грчките острови.
Германската агенција ДПА јавува дека во таа група ќе има претежно семејства со деца.
Повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и Сирија, останаа без храна, вода и засолниште по пожарот во преполниот камп Морија на Лезбос.
Извори од германската влада за Ројтерс изјавија дека Германија ќе се грижи за мигрантите чии барања за азил се веќе прифатени и додадоа дека не станува збор само за бегалци од Лезбос.
Вкупно, на островите во Грција има околу 30.000 бегалци и мигранти.