Смаиловиќ го тужи за тоа што беше наречена муџахединка, Апасиев не се кае ќе одговори со против тужби

од Берта Китинска
614 прегледи

Граѓанската активистка и хуманитарка Мерсиха Смаиловиќ, по изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев којшто беше повикан во ОЈО заради ширење верска  омраза на својот Фејсбук профил обајви дека очекува по нејзината кривична пријава  судските органи да постапат по ова прашање.

„Кривичната пријава кон Апасиев е поднесена во јули месец, преку Хелсиншкиот комитет за сторено кривично дело: Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост Член 319став 1 од Кривичниот Законик, а во врска со неговиот статус во кој ме тагира и вели: „ Поздрав до мојата колешка, атисемитска муџахединка Mersiha Smailovic од СДС- клеропатријахална“ и во продолжение на објавата следела фотографија со текст „ гласам за секуларна држава “ со што првичниот текст предизвикал омраза и раздор и предизвикал нетрпеливост кон припадниците на муслиманската вера во Македонија. Со овој пост се распалуваат и подгреваат чувства на непризнавање нетолеранција, упатување навреди омаловажување но и бројни пораки од неговите приврзаници.

Денес тој немаше одговор на ова обвинување, туку рече дека на видеото на мојот фб профил го навредувале него и семејството. Дури и јас имам ниво на комуникација која ја толерирам, па така сите вулгарни пораки, навреди кон неговото семејство и недолични коментари ги бришев.Дури и видеото со коментари е уште достапно, и може да се види дека коментарите со поддршка на Апасиев ги оставив.

Апасиев е Лидер на политичка партија, Пратеник во Сообрание, тој од таа позиција навредува и и се заканува на граѓанска активистка.Јас подржувам слобода на говор, но омалуважување, навреда, клевета и закана, тоа не, и треба судските органите КОНЕЧНО да го санкцонираат ваквиот говор, од кого и да доаѓа. Ви благодарам на сите за поддршката“, пишува .

Апасиев пред неколку месеци на фејсбук активистката Мерсиха Смаиловиќ ја нарече вахабистка. Лидерот на Левица вели дека фејсбукот е негов и нема да избрише ништо што е напишано, а најави дека на тужителите ќе им одговори со против тужби.

Слични содржини