Ахмети за „Попис“ е повика како осомничен

од Берта Китинска
423 прегледи

На распит во Јвното обвинителство на 2ри октомвр е повикан лидерот на ДУИ,  Али Ахмети за случајот „Попис“.

Во овој случај тој е повика како осомничен и ќе треба да објасни на кој начин беше запрен процесот на пребројување на населението во 2011 – та година.

Во случајот Попис, осомничени се Ахмети и поранешниот премиер и поранешен прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. СЈО ги сомничи дека ја злоупотребиле својата службен положба и како претседатели на партии и коалициони партнери се согласиле да се прекине пописот на населението во 2011 година.

Тие ја искористиле својата положба и за да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението и да сокријат дека немаат капацитет да го спроведат процесот, па го прекинале пописот, а како причини навеле технички проблеми и некадарност на пописната комисија и на Заводот за статистика.

Тие го оштетиле буџетот за 175.123.909 денари или околу три милиони евра.

Слични содржини