1,1K
На Фејсбук се појави видео на кое се гледа како колона на свадбари од албанска националност поминува низ општина Ѓорче Петров и наидува на група навивачи, кои викаат „Мртов шиптар, добар шиптар“.
Денеска се играше натпреварот од Првата фудбалска лига во кој играа Македонија ЃП и Вардар и веројатно овие т.н. „навивачи“ присуствувале на мечот.
Група Албанци застанаа пред нив и се обидоа да се пресметаат за навредите. На крајот дојде и до близок контакт меѓу двете групи, а провокаторите полека се повлекоа од местото на настанот.