Протоколот за едукативните центри денеска на Влада, за игротеките готов до следниот состанок на Комисијата

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Протоколите за работа на едукативните центри ќе бидат разгледани на денешната владина седница, а протоколот за игротеките се очекува да биде готов до следниот состанок на Комисијата за заразни болести.

– Донесени се протоколите за едукативните центри и денеска поминуваат на седница на Влада. Протоколи за функционирање добија и училиштата за деца со посебни потреби со оглед на тоа што анализата покажа дека се работи за мал број на деца во огромни училишни простории, рече Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Протоколот за работа на игротеките, како што посочи, се работи во координација со претставници на игротеките.