Факт е дека Мицкоски наследи парија која беше напаѓана дали го консолидира соствот за тоа ќе одлучи членството.Мене СДСМ, ДУИ и БЕСА ме интересира кои кадри ќе ги внесе во позиции кои ќе влијаат во секојдневниот живот нападите на едно членство како ова што се случува во опозицијата не ме интересри. Ако ВМРО ги води објективно процесите ќе има помалку штета. Легитимно е да се предизвика лидерот на ВМРО со кадар, член од партијата кој ќе може да го замени, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
Во врска со тоа дали Заев има интерес и му дава попуст на Сашо Мијалков за да иницира смена на Мицкоски, Муслиу вели дека тука нема такво интерес од страна на премиерот бидејќи тој е победникот на изборите.
-Не гледам интерес зошто Заев ќе му дава попуст на Мијалков за да иницира смена на Мицкоски. Да изгубеше на избори можеби ќе беше така, вели Муслиу.