Апарат за современа дијагностика на пациенти со астма и ХОББ доби Клиниката за пулмологија

од Берта Китинска
288 прегледи

Апарат за обезбедување комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација во вредност од над 400.000 денари од фармацевтска компанија „Плива“, соопштија од Клиниката.

– Донацијата на „Плива“ е од суштинско значење за современа дијагностика на пациентите со астма и хронична белодробна болест-ХОББ и следење на ефектите на терапијата. Се однесува на обезбедување на комплетно автоматизиран молекуларно дијагностички систем кој ќе биде употребуван во дијагностички цели за пациентите. Оваа донација многу ќе го подобри квалитетот на услугата. Еден од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на животот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови и сме горди што и на овој начин имаме можност да дадеме придонес за квалитетот и исходот на лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест, изјави директорот на Клиниката, Дејан Докиќ.

Директорот на „Плива“, Петар Велкоски изрази надеж дека донацијата ќе придонесе за квалитетна дијагностика, подобри услови за работа на медицискиот персонал и ќе резултира со поквалитетен живот на сите пациенти.

Слични содржини