466
Актерката Луси Лоулeс е најпозната по улогата на Ксена, принцезата воин во истоимената хит серија, која се емитуваше од 1995 до 2001 година.
Луси тогаш имала 27 години, а заштитен знак ѝ била долгата црна коса.
Иако после таа серија таа се посветила на семејството, пеењето и хуманитарната работа, можевме да ја видиме во гостински улоги и во други познати серии како Agents of SHIELD, Spartacus, The Code, Ash vs Evil Dead и Parks and Recreation.
Луси денес има 52 години, а обожавателите тешко би можеле да ја препознаат, бидејќи долгата црна коса ја заменила со кратка плава. На Инстаграм ја следат 225.000 луѓе.