Апасиев за Заев: Рака на срце, ме ислуша човекот

од Vladimir Zorba
345 прегледи

„Синоќа, сефте, се соочивме со Премиерот… Рака на срце, ме ислуша човекот, па и реплика ми зеде“, сподели Димитар Апасиев од Левица на својот фејсбук профил, споделувајќи видеото од својот настап во парламентот.

Инаку ставот на Левица е дека заменици-министри не треба да постојат и дека нивното место во системот треба да го преземат државните секретари, односно тие по функција да бидат заменици-министри.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3348207125244602

Претходно се пофали и дека пратеник на СДСМ за првпат му кажал здраво во ходник.

„Денес, сефте, пратеник на СДС ми рече “здраво” у ходник!? Да не сум го грешел нешто у животов?“, вели пратеникот од Левица, кој инаку е жесток критичар на сегашната Влада, како и на Заев.