Коки со емотивно писмо до Дуле: Ја темпирам „Колку треба да се плати“ ќе стиснам заби тешко ми е да плачам…

од Берта Китинска
628 прегледи

Поминаа точно седум години откако почина Душан Љубисављевиќ- Дуле пејачот на познатото дуо „Дуле и Коки“.

Дуле почина од рак на 23 септември во 2013 година, оваа вест беше шок за многумина.Неговиот другар и соработник Никола Јанков- Коки на својот Фејсбук профил му посвети писмо лично на Дуле.

„Се враќам од свирка, од Струмица, брат, па ми се сврте во глава, и викам да ти пишам писмо … ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, не кажувај абе Кочо, седум години ми доаѓаш, дај олабави.Брат, не знам дали треба да се смеам или треба да плачам. Знаеш, мислам дека од некаде ќе се појавиш и дека најчесто кога свирам ми се случува, абе ‘фатаморгана’. Можеби, па сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а…?Сите прашуваат за тебе, не те заборавија да знаеш, особено на крајот од свирката..Ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, ќе им пеам, и тие пеат, тешко ми е да плачам нa тaa, гледам они плачат… На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… не ти го кажав тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, Сале е со нас. Ти постојано, кога ќе спомнев Господ, викаше ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели … добро е таму.

Писмото ви го пренесуваме во целсот:

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide…

Публикувахте от Koki Jankov в Четвъртък, 24 септември 2020 г.

Слични содржини