Бизарен предизвик на „ТикТок“: Луѓето фрлаат деца како топки (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Најновиот опасен тренд стана вирален на Интернет, предизвикувајќи загриженост бидејќи родителите ги фрлаат своите деца како кошаркарски топки додека снимаат видео на „ТикТок“.

На голем број видеа што се појавуваат на социјалната мрежа, луѓето танцуваат со своите мали деца, вклучително и бебиња, ги синхронизираат усните со песната „Baby“ на „Blueface“, а потоа одеднаш ги исфрлаат од kadarot, додека уметникот рапува „Нема бебе, не можеме да имаме бебе … “.

Додека некои родители беа нежни, очигледно ги спуштија своите деца на нешто меко, други решија да ги покажат своите вештини за фрлање, откако ги фрлаат децата со сета своја сила и со тоа ги прави фановите многу загрижени за здравјето на децата.

Многу корисници станаа незадоволни од луѓето кои учествуваат во предизвикот и кои безгрижно го ризикуваат здравјето на своите деца поради прегледи на Интернет.

Слични содржини