„Гугл мапс“ со нова опција: Покажува каде има најмногу инфицирани

од Vladimir Zorba
449 прегледи

„Гугл“ објави ажурирање на апликацијата „Гугл мапс“, а иновацијата значи дека наскоро ќе можеме да видиме во кои области на мапите има најмногу заразени со коронавирус.

Функцијата пристигна на „Гугл мапс“ денес и наскоро треба да биде достапна во 220 земји низ целиот свет. Податоците ќе бидат прикажани како црвени точки, а што е поцрвено, толку е заразено на 100.000 жители.

Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе можеме да видиме дури и колку заразени лица има во одредени делови од градот, но сето тоа зависи од тоа колку податоци Гугл успева да собере за одредена територија, пренесува Tech Radar.

Податоците доаѓаат од голем број извори, како што се болницата „Џонс Хопкинс“, Википедија или „Њујорк ТајмсЕ, а тие ги добиваат податоците од локални и меѓународни организации.

Овие се, според тоа, истите податоци што „Гугл“ веќе ги користи при прикажување информации релевантни за коронавирусот.

Слични содржини