Лукаревска: Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти

од Берта Китинска
277 прегледи

Владата предовдена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики што обезбедуваат вистинска грижа за граѓаните и за нашата, македонска економија.Следува реализација на четвртиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата. 470 милиони евра, пари од Буџетот како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите.Една од основните компоненти на четвртиот пакет мерки е зајакнување на приватната потрошувачка на граѓаните.Со новиот сет мерки, го надоградуваме успешниот проект за поват на ДДВ кон физички лица, вели Сања Лукаревска, пратеничката од СДСМ.

Таа додаде дека викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ.

-350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.Досега, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.Го зголемуваме и опфатот на корисници на домашни платежни картички за уште поголемо поттикнување на приватната потрошувачка.Со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари,, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.Вкупно, со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра, изјави Лукаревска.

 

Слични содржини