БЕГ апелира: Проверете си ги инсталациите за парно

од Берта Китинска
346 прегледи

Потрошувачите, зaедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона, велат од БЕГ.

– Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи – стои во соопштението.

Оттаму велат со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

– Апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) – информираат од БЕГ.

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Слични содржини