Груби – Томан: С.Македонија и Чешка имаат потенцијал за продлабочување на економската соработка

од Берта Китинска
167 прегледи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на денешната средба со амбасадорот на Чешка, Мирослав Томан, се согласиле дека меѓу двете земји постојат услови за продлабочување на економската соработка.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Груби, амбасадорот на Чешка Томан, му ветил дека ќе продолжи да придонесува за продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете држави.

Груби потенцирал дека ја цени поддршката и помошта на Чешка за земјата, особено во соработката на двете земји во контролата на границата на Северна Македонија, пограничниот појас со Грција, но и за подадената рака кон евроатланскиот процес.

Двајцата соговорници, како што се наведува, се согласиле дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму, со цел да се зајакне.

За време на средбата со чешкиот амбасадор, Груби рекол дека патот на неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигнат само преку ветингот на носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Амбасадорот Томан и првиот вицепремиер Груби разговарале и за актуелностите во Северна Македонија, но и за добрососедските односи на земјата, како и за други настани со кои се соочува регионот.

Слични содржини