Филипче разговараше со медицинските сестри кои си дадоа отказ: По заслужениот одмор ќе разговараме за да ја продолжиме заедно битката со Ковид

од Берта Китинска
340 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче утрово оствари средба со  колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника.

„Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша Филипче.

Вчера беше објавено на социјалните мрежи дека биле поднесени три барања за отказ за прекинување на работниот однос на медицински сестри од Инфективната клиника во Скопје.Отказ даде главната сестра Зорица Љубичиќ Митиќ и уште две сестри, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа.

Слични содржини