Рускиот центар „Вектор“ патентираше вакцина против корона

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Федералниот институт за индустриска сопственост на Русија одобри патент за вакцина за коронавирус на државниот научен центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, објави прес-службата на Институтот.

„Центарот за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ доби патент за својата вакцина против коронавирусот“, изјавија тие за „Спутник“.

Научниците развија вакцина која содржи фрагменти од вирусот – синтетички пептидни антигени. Вакцина базирана на нив создава имунолошка реакција на вирусот и придонесува за развој на имунитет.

„Вкупно се издадени три патенти за пронајдоци, од кои секоја содржи одреден модифициран фрагмент од вирусот“, рече „Роспатент“.