Откако го раскина седумгодишниот брак со Сајмон Конецки, Адел ја започна својата трансформација. Многумина веруваат дека разводот е причина за диетата со чија помош Адел ослабе неверојатни 45 килограми. По разводот, медиумите се шпекулираа дека Адел е во врска со раперот Скепта, а медиумите конечно ги фатија заедно.
„Сан“ ексклузивно откри дека музичките sвезди биле многу блиски минатата година по разводот на Адел и дека уживале во времето поминато заедно. Тогаш еден извор изјави дека се случува романса помеѓу Адел и Скепта. Сега гласините за романса меѓу двајцата повторно се појавија откако беа забележани една ноќ во Лондон.
Во петокот вечерта, на 25 септември, музичките sвезди беа видени како уживаат во заедничкото ноќно излегување во барот Otherwold. Ним им се придружи и Џамер, кој е дел од рап колективот на Скепта „Boy better know“.
Адел и Скепта разменуваат блиски пораки и на социјалните мрежи. Двајцата сè уште не ги потврдија овие гласини, но сè вели дека ова е љубовна приказна.
Нивното пријателство датира од 2016 година. Адел еднаш објави слика на Инстаграм со коментар „Момче од Тотенхем“. Скепта тогаш во коментар до Адел рече дека ја сака.