Ќе се отстранува дивата тераса на гостилницата „Аманет“

од Nikola Popovski
318 прегледи

Општина Центар донесе решение со кое му наложи на инвеститорот да ја отстрани челична конструкција обложена со стакло со димензии 10 x 11 метри, пред деловниот простор на гостилница „Аманет“, за која општинскиот овластен градежен инспектор констатира дека не поседува решение за поставување.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека градежниот инспекторат на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, констатираше дека инвеститорот ДПТУ Примес КО Дооел, со седиште на ул. Павел Шатев бр.2, не поседува Решение за поставување урбана опрема, односно, челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10м x 11м, пред деловниот објект на гостилницата „Аманет”.

По приемот на ова Решение, инвеститорот во рок од 3 дена, ќе има обврска да ја отстрани градбата – челична конструкција пред деловниот простор. Во овој случај, изјавената жалба против првостепеното решение, не го одлага извршувањето на решението, согласно член 137 став 4 од Законот за градење“, стои во објавата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Според него, општина Центар нема да дозволи нелагално поставување градби и урбана опрема со што ќе биде оневозможено слободното движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот