Министерот Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во реакција на интервјуто на министерот Филипче на интеврјуто во Сител.
-Пред стартот на работа на градинките проблеми, по почетокот на работата секојдневно броиме заразени деца и персонал од градинките. Учебната година ги изненади, па ја одложија за први октомври и пак проблеми. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол, се вели во реакцијата.
Според партијата, погрешните и лоши политики на Филипче ја направиле Македонија црна дупка во регионот, Европа и пошироко.
-Погрешните и лоши политики на Филипче ја ставија Македонија на врвот на новозаболени, како и на врвот на починати лица. Сега по шест месеци почнал да прави анализи, ама за својата неспособност вината ја префрла на граѓаните. Филипче додека се занимава со парцели, куќи и згради, а и криминални тендери, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот, се вели во реакцијата.