Обештетени три четвртини од штедачите во „Еуростандард банка“, исплатени 3 милијарди денари

од Берта Китинска
360 прегледи

Обештетувањето на шедачите од „Еуростандар банка“ се одвива одлично и без поголеми пречки, а досега се обештетени 72 отсто или три милијарди денари, информираат од Фондот за осигурување на депозити.

– По двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите. До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување, стои во соопштението.

Според Фондот, ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу три четвртини од средствата на депонентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Оттаму истакнуваат дека обесштетувањето на наследниците според наследни решенија, исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

Обесштетувањето на лицата кои имаат депозити до 30 илјади евра во „Еуростандард банка“ почна на 15 септември, а исплатата се врши преку „Комерцијална банка“, „НЛБ Банка“, „Стопанска банка“ АД Скопје и „Халкбанк“. Депонентите имаат на располагање 36 месеци за да го остварат правото на обесштетуввање. Обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на „Еуростандард банка“ се врши до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари. „Еуростандард банка“ престана да работи откако Народната банка и ја одзеде дозволата на 12 август 2020 година.

Слични содржини