Едноставен тест кој открива симптоми на мозочен удар

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Симптомите на мозочен удар кои најлесно се препознаваат вклучуваат нарушувања на говорот, слабост и / или вкочанетост на едната страна од телото, целосно или делумно губење на видот и нарушена координација и рамнотежа.

Со помош на четири едноставни работи, можно е да се утврди дали некое лице има мозочен удар. Кажете му на лицето за кое сте исплашени и не сте сигурни дали станува збор за мозочен удар да се насмее, да каже нешто, да ги крене рацете и да го извади јазикот.

Ако некое лице не може да ги подигне двата краја на усните, зборува некохерентно, чудно или несфатливо, ако едната рака му е послаба и паѓа, а јазикот му е „искривен“ или оди на едната или другата страна, тоа значи дека нешто не е во ред.

Оваа проверка ќе ви даде доволно време да побарате медицинска помош и да спасите нечиј живот. Патем, овој вид тестирање во светот се нарекува „FAST тест“:

– F како face/ лице што сеискривува од едната страна поради мозочен удар

– A како arms/ раце затоа што едно лице не може да ги испружи обете раце

– S како speech/говор, бидејќи едно лице не може да зборува јасно и да разбере што му зборувате

– Т како time/ време

Ако забележите некој од овие знаци, мора да повикате брза помош.