ВМРО-ДПМНЕ протестира против „неправдите, реваншизмиот и политичкото насилство“

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Во Скопје вечерва започна вториот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со мотото „против неправдите, реваншизмиот и политичкото насилство“.

Членовите и симпатизери на партијата на Христијан Мицкоски се собраа во центарот на градот, а во првите редови се гледа транспарент „Долемафија, правда сега“.

Насобраните се движат од Министерството за правда кон Јавното обвинителство, каде се очекува обраќање на лидерот на партијата.