Сè за експерименталниот лек што го прими Трамп и зошто многумина сметаат дека состојбата на претседателот е лоша?

од Vladimir Zorba
400 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп доби коктел од две антитела, експериментален лек против Ковид-19 произведен од американската компанија „Регенерон“. Контроверзноста започна веднаш – за каков третман станува збор и дали е состојбата на Трамп посериозна отколку што се смета ако лекарите проценат дека е време за неодобрени терапии?

Експерименталниот лек кој Трамп гоприми против Ковид-19, наречен REGN-COV2, е коктел од две вештачки произведени антитела, кои го имитираат природниот одбранбен одговор на организмот против вирусот. Тие имаат за цел силно да се врзат за протеините на површината на вирусот.

Лекот наводно спречува вирусот да се поврзе со клетките, да влезе во нив и да се размножува, истовремено дозволувајќи имунолошки систем да го нападне и убие вирусот.

REGN-COV2 се смета за еден од најперспективните лекови против Ковид-19 и кој покажа силен ефект во лабораториските клеточни култури и во тестовите извршени врз животни. Во моментов се тестира во Велика Британија, како дел од програмата за проучување на лекот против Ковид-19, кој претходно покажа дека стероидот дексаметазон е ефикасен во лекувањето на оваа болест.

Веќе е достапен за пациентите во три болници на северот на Англија, како дел од гореспоменатата програма, која наскоро ќе опфати 30 до 40 болници.

„Разумна одлука“

Д-р Тајсон Бел, експерт за критична нега и заразни болести на Медицинскиот центар на Универзитетот во Вирџинија, за Бизнис Инсајдер изјави дека давањето на лекот на Трамп е разумна одлука, со оглед на недостатокот на рани третмани против Ковид-19.

– Постои голема потреба од лекови што можеме да ги користиме за луѓе кои се чувствуваат релативно добро, но спаѓаат во категорија со висок ризик. Мислам дека има смисла. Очигледно е дека оваа терапија сè уште треба да се изучува, но таа е една од оние во кои многу се надеваме – рече Бел.

Лекарите на Трамп рекоа дека американскиот претседател е „сè уште уморен, но добро расположен“, и дека покрај коктелот со антитела, тој исто така прими и цинк, витамин Д, фамотидин, мелатонин и аспирин, откако беше примен во воената болница Валтер Рид во петокот вечерта. добил и доза на ремдесивир.

Лекот „Регенерон“ сè уште е во фаза на клинички испитувања, а американската администрација за храна и лекови не го одобри. На 29 септември, компанијата објави рани резултати за првите 275 волонтери во студијата, кои покажуваат дека лекот делува добро на пациенти кои сè уште не се доволно болни за да бидат хоспитализирани.

„Лекувањето на вирусот во рана фаза може да биде покорисно бидејќи ја запира репродукцијата на вирусот, така што телото не се разболува толку многу“, рече д-р Питер Чин Хонг, специјалист за инфективни болести на UCSF.

Како теоретски делува третманот со антитела?

Како одговор на откривањето на инвазијата, имунолошкиот систем на човечкото тело произведува протеини кои се борат против вирусот и се нарекуваат антитела. Во овој случај, напаѓачот е коронавирус, кој ги инфицира клетките и ги „киднапира“ со цел да се реплицира.

За да ја направат терапијата, научниците прво собираат голема база на антитела за да ја сортираат, барајќи ги најмоќните меѓу нив за борба против коронавирусот. Антителата најчесто се собираат од крвта на третираните пациенти или од тестирани животни.

Откако научниците ќе ги пронајдат најдобрите антитела, биотехнологијата им овозможува да ги клонираат и да ги произведуваат во големи размери.

Тоа е модерна верзија на употреба на крвна плазма или крв на болни пациенти за третман на ковид-пациенти. Во овој случај, донирана плазма полна со антитела се инјектира кај болни пациенти, но на многу донатори на крв кои имале инфекција.

Технологијата на дизајнирање и масовно производство на терапија со антитела е значително подобрена во последните три децении, што ја прави подостапна за голем број компании.

„Мора да му е полошо отколку што мислиме“

Друг недостаток на третманот со плазма е недостатокот на докази за ефикасност, иако третманот доби итно одобрување од ФДА. Што се однесува до REGN-COV2, за тоа најдобро сведочат резултатите од раното тестирање објавени пред четири дена – досегашната студија е спроведена на помалку од 300 лица и сè уште не е разгледана од релевантни експерти и институции. Тоа во основа значи дека лекарите на Трамп имаат доверба во компанијата „Регенерон“ дека нејзиниот лек делува.

Засега не е јасно дали лекарот од Белата куќа, Шон Конли или Трамп инсистирале на оваа терапија, но некои експерти сметаат дека не е најпаметна идеја да се даде експериментален лек на претседателот на земјата.

Некои лекари ја критикуваа одлуката на Твитер, што предизвика жестока дискусија за здравјето на Трамп, како и шпекулации дека може да му е многу полошо отколку што и беше презентирано на јавноста – штом медицинскиот тим донел одлука за „очајни мерки“.

„Тимот на претседателот или не знае да чита медицинска литература или верува дека тој умира, па затоа се подготвени да пробаат што било“, напишал д-р Џереми Фалон од „Бригам“ болницата во Бостон и инструктор на Медицинскиот факултет на универзитетот Харвард.

Колку е ефикасен ремдисивир?

Што се однесува до третманот со ремдесивир, тој делува така што спречува реплицирање на вирусот во илјадници примероци откако вирусот ќе зарази една од клетките, а студиите сугерираат дека ова може да го скрати времетраењето на болеста.

Сепак, сè уште е нејасно дали ремдесивир навистина ги спасува животите на пациентите. Истражувањата сугерираат дека пациентите со тој лек имаат помала веројатност да умрат, но разликата била многу мала. Стапката на смртност беше околу осум проценти кај ремдесивир во споредба со 11,6 проценти кај плацебо групата.

Истражувањето започна на 21 февруари и опфати 1.063 луѓе на 68 локации во САД, Европа и Азија.

Ремдисивир претходно се користеше за лекување на ебола, но не се покажа дека е премногу ефикасен. Очигледно, неговата употреба во третманот на Ковид-19 може да донесе само умерени придобивки.

Слични содржини