Во понеделник (05.10), со почеток од 18:30 се дружиме во Градски Парк на Школка ќе се случи кино на отворено во организација на Зоо Скопје.

„Во соработка со MFC MK, за вас го подготвивме возбудливиот анимиран филм „Тајниот агент Мјау“. Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим“, велат од Зоо СКопје.
Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.