Извештај на ЕУ: С. Македонија нотиран напредок во мнозинството области, се поздравува меѓупартискиот договор за одржување на изборите

од Берта Китинска
223 прегледи

Европската Комисија  попладнево ќе го објави извешатјаот за реформскиот напредок на Северна Македонија кон ЕУ.

Европската Комисија попладнево ќе ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција, како и долгоочекуваниот Економски и инвестициски план за регионот.

МИА одвојува неколку делови од извештајот за Северна Македонија, каде е нотиран напредок во мнозинството области, но и делови каде е потребен дополнителен напор, како што се медиумите и законодавството за спречување на дискриминација.

Во делот на политичките критериуми, ЕК изразува задоволство што опозициските партии останаа ангажирани во политичкиот процес, давајќи поддршка за прашањата од национален интерес како што се ЕУ реформите и членството во НАТО.

Се поздравува меѓупартискиот договор за одржување предвремени парламентарни избори и формирање техничка влада, како и одложувањето на изборите поради пандемијата од Ковид-19.

Согласно заклучоците на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, Комисијата ги оценува како добро организирани, во вистински конкурентен дух, но нагласува дека правната стабилност беше поткопана поради “суштински ревизии на законската рамка и последователното владеење преку владини декрети“, односно одлуките со законска сила, кои произлегоа од вонредната состојба поради Ковид-19.

Комисијата истакнува дека “значајното зголемување на брзи постапки предизвикува загриженост и треба да биде ограничено“.

Се поздравуваат обидите за зајакнување на меѓуетничката состојба и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

Во делот на реформата на разузнавачките служби од септември 2019, се поздравува напредокот во согласност со препораките на експертските групи за етаблирање на Агенција за национална безбедност како независно тело без полициски овластувања, за разлика од претходната УБК. Сепак потребни се дополнителни напори за Агенцијата да има пристап до сите потребни алатки за да може да си го исполни мандатот и задачите. Потребно е и зајакнување на парламентарниот надзор врз разузнавачките служби, порачува Европската Комисија.

Слични содржини