148
Од СДСМ излегоа со соопштение во кое велат дека во деновите кога државата добива уште еден позитивен Извештај од Европската комисија, каде е нотиран напредок во клучните области, Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното однесување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
„Наместо лицемерна загриженост, добро е Мицкоски на средбите со официјални претставници од Европа да каже како тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ работеа против реформите важни за ЕУ, како тој лично за време на вонредната состојба ги кршеше мерките и задолженија за заштита од коронавирусот и како тоа неговата партија го прави и сега, организирајќи собири за спас на неговата функција. Мицкоски треба да укаже и на тоа како вршеше и се уште врши притисоци врз судството во обид да ги спаси криминалницте и тајкуните во редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение.
Според нив, губитникот Мицкоски нема намера да ја нашушти деструктивната матрица во која е со години. Тој освен да брани криминал и да шири лажни вести за ништо друго и не знае и затоа уште долго останува во опозиција.