Мицкоски: Нема систем за борба против Ковидот

од Vladimir Zorba
128 прегледи

„Го нема Заев да каже дека го победиле Ковидот, како што велеше пред изборите. Го нема ниту министерот за здравство на дневни прес конференции на кои ќе ни каже дека сѐ е под контрола. Ја нема ниту политичката Комисија за заразни болести која, наместо здравствена политика, тера гола демагогија. Го нема ниту СДСМ да ги обвини Чулев или Димитриеска Кочоска за Ковидот, затоа што знаат дека сега сѐ е во рацете на Спасовски, Филипче и Владата“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод денешните бројки.

„Ги нема сите овие затоа што денес имаме 393 новозаразени од Ковид. А претходно ги имаше затоа што поткупуваа избори. Денес нов црн биланс и нов пораз. Денес во 2020 година главната причина за смрт во Македонија е неспособноста на Владата, институциите кои молчат, немањето на систем за борба против Ковидот. Тие се виновни затоа што луѓе се заразуваат. Неспособноста на мафијата убива!“, посочува Мицкоски.

Во последните 24 часа се направени 2464 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на ковид-19, четири лица починале, а оздравеле 90 пациенти,соопшти Министерството за здравство.

Од новите случаи најмногу има во: Скопје-189, и во Тетово 27. По градови во Куманово има 14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.

Оздравените пациенти се од: Скопје-34, Куманово-7, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-3, Велес-1, Битола-2, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-4, Радовиш—2, Пробиштип-2, Берово-5, Валандово-2, Свети Николе-2, Кичево-2.
Во болнички услови починати се четири лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).