За бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој е член на владејачката ГЕРБ, празнувањето на 11 Октомври е антибугарска провокација.
Тој на својот Фејсбук профил постави прашање до премиерот Зоран Заев.
„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација сега??? Србин уби Бугарин, татко на три деца и роднина на Дамјан Груев. Ова се нарекува „народно востание“ и се слави секоја година! Лагите и антибугарската идеологија немаат место во ЕУ!“, напишал Ковачев на својот Фејсбук профил.