Консумирањето ориз го подобрува спиењето

од Stefanija Kuzmanovska
603 прегледи

Одредени намирници имаат поволен ефект врз спиењето, а јапонските научници потврдија дека редовната консумација на големи количини ориз помага при несоница. Храната со висок гликемиски индекс како оризот е богата со аминокиселината триптофан која предизвикува поспаност.

Триптофанот ја зголемува количината на серотонин во мозокот и го поттикнува производството на мелатонин, хормон за спиење, пишува Daily Mail.

Луѓето кои редовно јадат ориз имаат подобар сон, додека оние кои јадат тестенини почесто имаат проблеми со спиењето. Нивниот сон често се прекинува и им треба повеќе време да заспијат, додека оние кои јадат ориз спијат подолго и подобро, открило истражување спроведено на 1.848 испитаници.

„Намирниците со висок гликемиски индекс се поврзани со подобар сон, особено со подолго времетраење. Истото не важи за тестенините кои го нарушуваат спиењето. Консумацијата на леб, палачинки или пица немале никакво влијание врз сонот“, велат научниците.