Нов протест на опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ на улица против поскапувањето на струјата

од Берта Китинска
189 прегледи

Денеска, 13 октомври, со почеток во 18:00 часот, ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните заедно да протестираат со возила во Скопје, Охрид и Прилеп против, како што велат мафијата на Заев и поскапувањето на струјата.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, притоа секој со себе да носи лична заштитна опрема.

-Граѓаните во Македонија се соочени со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4% што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од РКЕ. Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ е марионета на Заев, скапо платена марионета која удира по џебот на граѓаните за да ги покрие дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.

Сега народот плаќа поскапа струја, дури Бислимовски за своите штетни одлуки за граѓаните го плаќаат 120 илјади денари.

ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните уште еднаш ќе порачаат, да се врати старата цена на струјата, да се спречи осиромашувањето на граѓаните, Марко Бислимовски и членовите на РКЕ да бидат сменети и на нивно место да се изберат експерти кои ќе го штитат интересот на народот, велат од партијата.

Слични содржини