„Твоја партија“: Да престане деградацијата на јавното здравство и здравствените работници

од Берта Китинска
253 прегледи

Упатува сериозни забелешки до Владата и Министерот за здравство, кои во услови на најголема здравствена криза го продолжуваат уништувањето на јавното здравство и деградацијата на здравствените работници, велат од „Твоја партија“.

Оттаму додаваат дека  поради ниските плати, долгите и неисплатени прекувремени работни часови, отсуство на одмор и незначителната награда за трудот, докторите и медицинските сестри го напуштаат јавното здравство и преминуваат во приватните болници.

„Одливот на здравствени работници сериозно ја продлабочува кризата со Covid-19 и третманот на пациентите. Од овие причини прашање на денови е кога граѓаните ќе бидат приморани да плаќаат повеќе од десетици илјади евра за лекување во приватните болници.

ТВОЈА Партија инсистира Министерот за здравство Венко Филипче, да даде одговор на следните прашања:

Зошто не беа зголемени капацитетите со здравствени работници, кога и самиот најавуваше нов бран и поголем број на заболени?
Зошто сѐ уште не се исплатени прекувремените часови на здравствените работници?
Зошто не се зголеми неколкукратно платата на работниците кои се директно вклучени во лекувањето на пациентите, кога сите ја знаеме пожртвуваноста и ризикот на кои се изложени?
Дали тенденциозно се уништува јавното здравство, со цел пациентите да бидат приморани да плаќаат огромни суми за третман во приватните болници?
Ова не е време за профитерство и правење бизнис. Крајно време е за сериозна посветеност кон здравствените работници, јавното здравје и граѓаните, чии пари се трошат без никаква контрола!

Во контекст на ова, ТВОЈА партија бара Владата и Министерот да ги гарантираат следните услови.

1.      Простор, опрема и кадар за третман против  Covid-19 за сите граѓани.
2.      Секој граѓанин ќе биде згрижен и ќе му биде укажана бесплатана здравствена помош, според Уставот на РСМ и одлуката на Владата.
За подобрување на настанатата состојба, Твоја партија предлага:

1.      Итна релокација на средства од непотребните трошоци на Владата за здравствениот систем, но и релокација на средства од Фондот за здравство од приватните болници кон јавните инфективни клиники и Ковид-центрите.
2.      Итно зголемување на платите на работниците, ангажирани за справување со Covid-19.
3.      Итно вклучување на здравствените работници од примарното здравство од сите области, со цел побрзо справување со кризата“, соопштија од партијата.

Слични содржини