Информациите кои беа пласирани изминатиов период е тотоално замајување на јавноста, вели директорката на Националната агенција за европски образовни Лидија Димов.
– Парите се делат по програма која ја утврдува Брисел, ние добиваме прирачки во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите и даваат парите.Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила, изјави Димова.