Во Граѓанскиот суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за тужбата за клевета на обвинителката Вилма Рускоска против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.
Адвокатите на странките, по минатото рочиште, излегоа со спротивставени ставови во однос на тоа дали изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ, биле за нарушување на угледот на обвинителката Рускоска, или пак тоа спаѓа во категоријата на слобода на говор.
Оштетното побарување на обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.
Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, најави дека ако ги добие, парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донира за СОС Детското село.